Оваа пролет плаќајте со НЛБ Pay мобилниот паричник и добијте велосипед!

Активирајте го НЛБ Pay мобилниот паричник и плаќајте бесконтактно во периодот од 12.4.2021 до 30.5.2021 година. Секој петок во рамки на кампањата ќе биде награден клиентот кој ќе направи најмногу трансакции со НЛБ Pay на било кој износ, претходната седмица, со неделна награда – градски велосипед!

На 23- ти април е првото доделување на велосипед на клиентот кој ќе направи најмногу трансакции со НЛБ Pay во период од 12.4.2021 до 18.4.2021.

Што е NLB Pay?


  • NLB Pay е мобилна апликација која Ви овозможува да плаќате директно преку Вашиот мобилен телефон.
  • NLB Pay е услуга наменета за физички лица, корисници на Mastercard и VISA платежните картички, кои поседуваат мобилен уред со Android оперативен систем и NFC технологија. 
  • NLB Pay мобилниот паричник ги дигитализира Mastercard и VISA платежните картички и со тоа овозможува плаќање на бесконтактни ПОС терминали во земјата и странство.
  • Плаќањата се извршуваат бесконтактно, без потреба од физичко користење на платежните картички, со што Вашиот мобилен телефон се претвора во виртуелен паричник.
  • Можете да располагате со Вашите средства на Вашите Mastercard и VISA картички во секое време.

  • Плаќањето со мобилен телефон е поедноставно и од плаќањето со платежна картичка.

Карактеристики

 

  • Овој сервис преку дигитализација на картичките овозможува поедноставно и побрзо плаќање за разлика од конвенционалниот начин на плаќање со платежните картички.

  • Плаќањето едноставно и сигурно и може да се реализира само со доближување на мобилниот телефон до ПОС терминалот (претходно треба да биде отклучен телефонот и да има вкллучен NFC).

  • За плаќањата до 750 МКД не се внесува ПИН код, додека за плаќањата над 750 МКД потребно е да бидат потрврдени со ПИН код.

Главни предности

 

  • Активирањето на апликацијата, дигитализацијата на картичките и користењето на NLB Pay мобилниот паричник е бесплатно!
  • Брзо, едноставно и сигурно!
  • Ви овозможува да плаќате директно преку мобилниот телефон!
  • Модерен и современ начин на плаќање!
  • Вашиот нов мобилен паричник!

 

 

Како да платам преку NLB Pay?

1

Преземете ја NLB Pay апликацијата од Google Play..

Мобилниот паричник NLB Pay може да се користи на мобилни телефони со Android оперативен систем и NFC технологија (Near Field Communication). Мобилниот паричник е наменет за сите корисници на НЛБ платежните картичките.

2

Внесете го Вашиот единствен матичен број (ЕМБГ) и последните 4 цифри од Вашата НЛБ MasterCard или VISA картичка.

Активирајте ја NLB Pay апликацијата со внесување на еднократна лозинка (OTP) која ќе ја добиете преку СМС порака. Креирајте 4 цифрена лозинка и Вашиот NLB Pay мобилен паричник е активиран.

 Изберете ja НЛБ платежната картичката која најчесто ја  користите за плаќање како главна картичка. Доколку сакате да додадете друга картичка на NLB Pay мобилниот паричник, изберете го симболот „+“. 

 

3

За да реализирате плаќање со NLB Pay мобилниот паричник потребно е да го приближите Вашиот мобилен телефон до ПОС терминалот.

Плаќањето може да се изврши само со отклучување на телефонот, без потреба од најава на апликацијата.

 *За плаќања на износ до 750 МКД не е потребно внесување на ПИН код, додека за износи над 750 МКД потребно е да се внесе ПИН код.