Платен промет во земјата

Сите денарски плаќања кон физички и правни лица во земјата.

Карактеристики

  • Можност за готовински и безготовински транскации
  • Плаќања кон физички и правни лица кои имаат сметки во НЛБ Банка
  • Плаќања кон физички и правни лица кои имаат сметки во други банки
  • Готовински исплати и уплати
  • Плаќања преку траен налог
  • Купопродажба на девизи
  • Плаќања преку НЛБ Проклик – електронско банкарство

Основни информации

НЛБ Банка АД Скопје е носител на платниот промет во земјата и дел од платниот систем на Р.Македонија, каде сите денарски платни трансакции на своите комитенти ги извршува преку:

1. Интерен платен промет

– плаќања помеѓу комитентите на Банката (систем на плаќања во рамки на една банка), кој е најефтин и најбрз начин на реализација на налозите за плаќање. Истовремено банката ги врши и сите готовински плаќања (уплати и исплати на готовина). 

2. Екстерен платен промет

– меѓубанкарски платен промет каде учесниците од две банки своите плаќања може да ги извршуваат преку два система на порамнувања:

  • МИПС– Македонски интербанкарски платен систем односно систем на порамнување во НБРМ. Се користи за итни и големи плаќања на и над 1.000.000 денари.
  • КИБС– Клириншки интербанкарски систем односно систем на порамнување во Клириншката куќа. Порамнување помеѓу банките кое се врши на крај од пресметковниот ден за налози до 1.000.000 денари.

Плаќањата на учесниците во платниот промет во НЛБ Банка АД Скопје се извршуваат по следниот термински план:

Хартиени налози во експозитурите на Банката
Прием, обработка и испраќање на налозите за плаќање од КИБС и МИПС за тековниот ден од 8.00 часот
Прием на налози                КИБС  до 13.00 часот
МИПС до 16.00 часот
Интерни налози до 16.45 часот
Прием и обработка на налози во сабота (само интерни налози) до 12.30 часот

 

Налози доставени по електронски пат
Прием на налози со тековна дата            КИБС                            до 14.00 часот
МИПС до 15.45 часот
Интерни налози до 16.30 часот

 

Прием на хартиени и електронски налози со ИДНИ дати                                                                                                                                                                                                                    седум календарски дена однапред

За повеќе информации кликни тука