Вработување

Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнувања.

НЛБ Банка вработува: Развоен проектант во Секторот за ИТ

 

  

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги.  Својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

 

НЛБ Банка, во секторот за информатичка технологија нуди предизвикувачки отворени работни позиции во рамки на кои имате можност да работите на анализа, развој, имплементирање и поддршка на ИТ решенија и платформи, предлози за воведување на нови решенија и подобрувања на банкарското работење од областа на ИТ технологијата кон деловните корисници и клиентите на Банката.

 

Отворените работни позиции во Секторот за информатичка технологија се во рамки на следниве сегменти:

 

1.ИТ Специјалист за кредитно работење, платен промет, главна книга и спречување на перење пари

2. ИТ специјалист за поддршка и изработка на нови извештаи 

   

 

Главна цел на работните места е анализа, развој, имплементирање и поддршка на ИТ системите,  иницирање предлози за воведување на нови решенија и подобрувања на банкарското работење од областа на ИТ технологијата.

 

Улога во тимот:

  • Развој, планирање, одржување и дополнување на програмските решенија;
  • Воведување на нови алатки за релациони бази на податоци при развојот на апликациите;
  • Помош на деловните корисници на системите при тестирање на програмските решенија и проценка на резултатите од тестирање;
  • Учество во воведување нови технологии и стандарди за развој на програмските решенија;
  • Соработка со надворешни изведувачи за развој на нови проектни решенија од областа на банкарската информатичка технологија.

 

Потребни квалификации и компетенции:

 

  • Универзитетско образование од областа на информатичките науки;
  • Одлично познавање на релациони бази на податоци(Microsoft SQL Database);
  • Современи и класични алатки за поддршка и развој на софтвер;
  • Подготвеност за учење во динамична средина со најнова компјутерска технологија;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување;
  • Способност за тимска работа и самоиницијативност;
  • Способност за одлучување;
  • Активно познавање на странски јазик (англиски јазик).

 

Ве поттикнуваме да станете дел од нашиот тим:

  • Работните места нудат предизвик за работа со модерна инфраструктура на информатичката технологија;
  • Тим на успешни професионалци, посветени на иновации;
  • Отвореност кон воведување на нови решенија од областа на ИТ технологијата;
  • Меѓусебната доверба и соработка се основни начела во работењето;
  • Можности за обука и кариерен развој;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци.

Заинтересираните кандидати своите податоци и CV-ја можат да ги достават на следниот линк

најдоцна до 19.10.2018 година, со избирање на соодветната позиција за која аплицирате. 

 

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.